Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

ССК: Арбитражата недоволно искористена од малите и средни компании

Време: 11:45

Датум: јуни 12, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Арбитражата е еден од најдобрите и најбрзите начини за решавање на стопанските спорови, но за разлика од користењето на арбитражата во светски рамки, кај нас се уште е мал бројот на решени спорови по пат арбитража  кои произлегуваат од деловни односи помеѓу компаниите, но и  институциите, истакна потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Александар Милошевски, на денешната прес конференција.

Деловната зедница е динамична и му е потребен соодветен механизам за решавање на споровите и побрза наплата на своите побарувања во пократок рок, со помали трошоци.  Ефикасноста во решавањето на предметите на странките по пат на арбитража им овозможува заштеда на трошоци, заштеда на време и поголема сигурност во постапката. Брзината е една од најголемите предности на арбитражата, споровите се решаваат вообичаено во рок од 3 до 9 месеци, при што се избегнуваат сите непотребни формалности и долгите судски спорови. Предност, исто така е што  арбитражната е конечна, без можност за жалба, се гарантира повеќе автономија на страните и секако, повеќе автономија во предметите од меѓународен карактер што се изразува преку изборот на апликативното право и процедуралните правила.  Квалитетна  арбитражната постапка  е од голема важност за сигурноста на сите инвеститори во нашата земја, истакна Милошевски.

Тој додаде дека во последните години, расте трендот на компаниите при склучување на договорите да  вметнуваат клаузула за решавање на деловните спорови по пат на арбитража како алтернатива за спогодбено надминување на спорот, но не доволно.  Во таа насока потребна е поголема афирмација на арбитражната постапка како на приватниот сектор, така и во договорите со јавниот сектор особено при склучување на јавно – приватно партнерство каде е предвидено и користење на арбитража со посочување по кое право ќе се одлучува.

Позитивно е тоа што во последните години се зголемува свеста за договор на странките за користење на арбитражата, особено кога станува збор за договори на домашни и странски големи компании, како и при договори на јавно – приватно партнерство, но евидентирано е дека малите и средни компании недоволно ја користат арбиражата.  За таа цел неопходна е афирмација за користење на арбитражата на сите нивоа и меѓу компани и институции за спорови за кои нема предвидено исклучителна судска надлежност. Предноста е тоа што и двете странки можат да изберат експерти кои ќе работат на спорот и со тоа ќе ги избегнат долгите спорови пред националните судови. Во светот 80 проценти од стопански спорови се решаваат по пат на арбитража, во САД и до 90 проценти од споровите завршуваат на арбиража“, појасни Милошевки.

Сојузот на стопански комори смета дека неопходно е актуализирање на арбитражното решавање на спорови, дополнително и во соработката на компаниите со државните институции, општините, како и при работа на тендерски постапки. Во рамки на Сојузот, како институција чија примарна улога е да ги застапува и да ги заштити интересите на компаниите членови, постои Постојан избран суд – Арбитража на истакнати арбитри, професори, експерти, академици од областа кои учествуваат во решавањето на споровите.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Црн „мерцедес бенз“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк…

  • Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија воведе забрана за електронски цигари, изјави денес Нирмала Ситарман, министер за финансии на таа земја. Забраната вклучува „производство, увоз/извоз, транспорт, продажба, дистрибуција, складирање и…

  • Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Со проектот за изградба на цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода…

  • Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и…

  • Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за идна претседателка на Европската централна банка (ECB), која ќе биде првата жена на оваа позиција. На пленарната седница…

  • Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Кинезите се помалку патуваат во Соединетите Американски Држави, а тензиите помеѓу Пекинг и Вашингтон се само една од причините зошто кинеските патници сè повеќе се…

  • Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија е во бескрајна состојба на флуктуација. Купувањето намирници оваа недела или полнењето на вашиот автомобил со гориво може да изгледа како грешка при…

  • BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки за кои…

  • Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез и понатаму останува „многу реален“.…

  • Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година. Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со…