20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет работни позиции за комуникативни луѓе

Десет работни позиции за комуникативни луѓе

komunikacija

Ако сте тип на човек кој сака да разговара, тогаш денот поминат пред компјутер ќе ви звучи фрустрирачки. Добрите говорници не мораат постојно да зборуваат, но мораат да ја задоволат својата потреба за социјализација и да добијат шанса да го искористат својот природен талент во изградба на својата кариера.

Како би било возможно, важно е да ја изберете вистинската работа како и да ги разберете сите нејзини комуникациски компоненти, уште пред да започнете со неа. Доколку сакате да зборувате еве десет области кои би требало да ги земете во предвид доколку барате (подобра) работа.

1.Маркетинг

Без разлика дали сте на извршна позиција или работите во маркетинг компанија, вашите комуникациски вештини се често изложени на јавноста. Во оваа работа исклучително важна е способноста за убедување  како и изградба на доверба кон новите  и одржување на добри односи со старите контакти.

2.Новинарство

Добро развиени комуникациски вештини во оваа област се особено важни, бидејќи добро извршената работа не значи само квалитетно да се разговара со соговорниците туку и нивните изјави и стручна терминологија да се прилагоди на просечниот читател, гледател или слушател. Елоквентните луѓе можат да го развијат својот талент низ различни медиуми, можат да бидат и радио или ТВ водители.

3.Продажба

Познато е дека во продажба мора да работат луѓе кои сакаат да комуницираат со различни луѓе. Постои причина за тоа: развивање на добар однос со потрошувачите и градење на доверба.

4.Подучување

Независно од возраста на учениците, комникациските вештини се клучен фактор во вашето настојување да станете успешен ментор кој ги инспирира своите ученичи или студенти. Наставниците или професорите се сметаат за луѓе кои се едни од најдобрите говорници.

5.Тренер

Тренер по пилатес, јога или пак личен тренер е личност која комуницира со своите клиенти и ги мотивира. Тука посебно до израз доаѓа вештината за подучување и за комуникација. На многумина вежбањето не им е омилена активност или пак мотивираноста не ги држи долго,а од добриот тренер зависи колку посетителите ќе бидат мотивирани за понатамошното посетување на тренинзите.

6.Потпарол

Поголемиот дел од потпаролите своето време го минуваат во комуницирање со медиумите. Ова е комплексна и сложена работа која мора да подразбира добри комуникациски вештини, но исто така остава простор и за нивно усовршување.

7.Социјален работник

Способноста за разбирање на туѓите проблеми и помагањето на луѓето бара импресивни комуникациски вештини, како и емпатија. Заедно со добро развиена способност за слушање, во оваа работа исто така многу важно е на тактичен начин да се советуваат луѓето како би можеле да се справуваат со своите проблеми кои обично се со доста сериозни и осетливи теми.

8.Претприемник

Иако претприемништвото не бара посебни комуникациски вештини, важно е да се знае да се продаде „работата или производот“. Еден предприемач мора точно да знае што сака и неговите упатства и пораки да бидат јасни и прецизни. Исто така тој мора да знае да ги презентира своите квалитети или својот производ, самоуверено и привлечно, доколку би сакал да привлече повеќе клиенти.

9.Актер,режисер

За оставање на убедлив впечаток и бидење на емоциите кај гледачите, заслужен е говорот, така што за многумина комуникативни луѓе ова е работа од соништата. Многу врвни актери, режисери или продуценти ја разбираат важноста на говорот и улогата која тој ја игра во успешните проекти.

10.Дизајнер за внатрешни работи

Доколку имате чуство за убавина и уметност, а истовремено сте и комуникативни, ова е одлична област за градење на кариера. Сеедно дали станува збор за дизајн на ентериер во нечиј дом или канцеларија, внимателното слушање на клиентите е доста важно, исто како и квалитетната аргументација на вашите визии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП