12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го предупреди САД дека остро ќе одговори околу трговијата

Кина го предупреди САД дека остро ќе одговори околу трговијата

Кина остро ќе одговори ако САД инсистираат на ескалација на тензиите во областа на трговијата, соопштено е од кинеското министерство за надворешни работи.

Соопштението било објавено откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјавил дека новите тарифи се подготвени за прифаќање, ако на состанокот на Групата 20 во Осака во јуни не постигнат договор.

Портпаролот на Министерството Генг Шуанг, соопштил дека нема да ги потврди наводите за состанокот на Си Џинпинг и Трамп, истакнувајќи дека таквите информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни на Министерството.

“Кина не сака трговска војна, но ние не се плашиме од борбата во областа на трговијата. Ако САД сакаат само да се интензивираа трговската војна, ние решително ќе одговориме и ќе се бориме до крај”, изјави Генг и додал дека вратата на Кина ќе биде отворена за разговори врз основа на еднаквост.

Трамп во неколку наврати истакнал дека се подготвува за состанокот со претседателот на Кина Си Џинпинг за време на самитот кој во Осака ќе се одржи на крајот на месецот, но Кина не потврдила дека состанокот ќе се одржи.

Американскиот претседател изјавил минатата недела дека ќе доонесе одлука за тоа дали ќе воведе царини на Кина на производи во вредност од најмалку 300 милијарди долари.

Тој вчера истакнал дека е подготвен да воведе нови царини врз Кина ако не се постигне напредок во разговорите со кинескиот претседател на состанокот во Осака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП