12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНегативните камати до сега ги чинеа европските банки повеќе од 20 милијарди...

Негативните камати до сега ги чинеа европските банки повеќе од 20 милијарди евра

Европските банки префрлиле 21,4 милијарди евра од своите приходи во Европската централна банка (ECB) во текот на пет години од периодот на воведување на негативните каматни стапки.

ECB на 11 јуни 2014 година воведе негативни каматни стапки на депозити од минус 0,1 процент, со цел да ги одврати банките од “чување и окаматување” на парите, обидувајќи се да ја поттикне нивната кредитна и инвестициска активност и стимулирање на економијата, пренесува агенцијата Reuters.

Во моментов, негативнaта каматнa стапкa на депозити во ECB изнесува минус 0,4 проценти за 17 земји од еврозоната, пренесува CNBC.

Само во минатата година, европските банки платиле рекордни 7,5 милијарди на име депонирање на вишок на пари кај централната банка, односно плаќале по 21 милион евра дневно на ECB, се наведува во извештајот на отворената банкарска платформа “Deposit Solutions” со седиште во Хамбург.

Германските банки учествувале со третина (33 проценти) од вкупните трошоци врз основа на депозити во еврозоната од 2016 до 2018 година, додека француските банки учествуваат со уште 24 проценти, а холандските со 13 проценти.

Извештајот кој ги анализира податоците на ECB, покажува и дека овие надоместоци имале значително влијание на профитабилноста на банките, и дека минатата година предизвикале пад на добивката од 4,0 проценти.

Германските банки повторно го однесоа најголемиот товар меѓу водечките економии, губејќи 9,0 проценти од добивката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП