2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои ги ублажуваат сезонските алергии

5 намирници кои ги ублажуваат сезонските алергии

Некои видови храна можат да ги ублажат симптомите како што се солзење на очите, протекување на носот, кивање итн. кои го следат алергискиот ринитис. Овие намирници делуваат така што ги ублажуваат воспалителните процеси и го зајакнуваат имунолошкиот систем, а тие се:

Цитрус – истражувањата покажале дека витаминот Ц помага во ублажување на алергиска кивавица.

Домати – освен што содржат витамин Ц, овој зеленчук е богат со ликопен, кој исто така делува антиинфламаторно.

Куркума – позната по своето антиинфламаторно дејство, куркумата благодарение на куркумини кои ги содржи, помага да се намалат отоците и иритациите кои ги следи алергискиот ринитис.

Ѓумбир – свеж или сушен, ѓумбирот изобилува со антиоксиданти и антиинфламаторни состојки. Едно истражување на животни покажало дека ѓумбирот го намалува производството на протеини кои го стимулираат развојот на воспаление во телото.

Риба – скуша, харинга, сардина, лосос – некои студии покажале дека омега-3 масните киселини делуваат противвоспалително и ја зголемуваат отпорноста на организмот од алергии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП