4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот олигарх Дмитриј Риболовљев заинтересиран за нови инвестиции во Грција

Рускиот олигарх Дмитриј Риболовљев заинтересиран за нови инвестиции во Грција

dm

Откако за 110 милиони евра го купи островот на Оназис – Скорпиос, рускиот олигарх Дмитриј Риболовљев се заинтересира за нови инвестиции во Грција.

Тој минатата недела се сретна во Атина со грчкиот премиер Андонис Самарас. Се претпоставува дека двајцата не зборувале само за островот Скорпиос, туку и за учеството на Риболовљев во приватизациската програма на грчката Влада. Тој не покажал интерес само за фирми, туку и за предложените големи недвижни имоти во луксузни делови на Грција, со цел реализација на туристички проекти и изградба на хотели и вили за одмор на руските богаташи.

Четириесет и седумгодишниот руски богаташ, пријател на рускиот претседател Владимир Путин, се наоѓа на листата на 80-те милијардери на списанието „Форбс“.

Според извори, цитирани од весникот „Етнос“, островот Скорпиос бил меѓу темите за кои се разговарало во Атина, за што Самарас го уверил Риболовљев дека ќе направи се за решавање на евентуалните правни пречки при оваа зделка.

Неодамна во грчките медиуми се појавија тврдења дека зделката за островот е спорна, бидејќи во тестаментот на бродскиот магнат Аристотел Оназис имало клаузула со која се забранува негова продажба. Со неа уште се предвидува островот да и припадне на грчката држава доколку наследниците не можат да ги платат трошоците за негово одржување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП