
Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05.-31.05.2019 година вкупниот промет изнесувал 1.105.508.170 денари.


Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05.-31.05.2019 година вкупниот промет изнесувал 1.105.508.170 денари.
Класичното тргување изнесува 430.773.410 денари и е зголемено во однос на април за 21,94 отсто.
Блок трансакциите во мај изнесувале 99.449.850 денари и се намалени за 5,80 отсто во однос на април.
Бројот на трансакции во мај изнесувал 2.073.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за петтиот месец од годината беа на НЛБ Банка АД Скопје, следи Макпетрол АД Скопје, и Алкалоид АД Скопје го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за мај 2019 година можете да го погледнете тука.