23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделски форум: „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

Земјоделски форум: „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

„Организирано земјоделсто до сигурен пласман“ е темата на земјоделскиот форум што ќе се одржи денеска во Скопје.

Форумот го организира Националната федерација на фармери (НФФ) во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од шведската фондација We Effect, а ќе присуствуваат земјоделци, стопанственици, претставници од владини и невладини институции.

На предвидената панел-дискусијапосебно ќе биде акцентирано договорното производство. Ќе бидат презентирани и искуства од Хрватска во делот на сигурниот пласман.

Во официјалниот дел на форумот најавени се обраќања на претседателката на НФФ, Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, директорката за ЕУ регионот на We Effect, Анели Лејна, како и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Вјекослав Танасковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП