20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на цените на мало и трошоците на живот

Пораст на цените на мало и трошоците на живот

hrana_v

Цените на мало во јуни годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,4 отсто, а трошоците на живот за 0,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на овошјето за 13,5 отсто, преработките од млеко за 0,5 отсто, месото и рибата за 0,3 отсто, свежото и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Во јуни, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 9 проценти, авионскиот превоз на патници за 1,7 отсто, комуникациските услуги за 1,6 отсто, нафтените деривати за 1,2 осто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1 отсто, обувките за 0,4 отсто и храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот во јуни 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 2,5 проценти, зеленчукот и мастите за 0,8, другите прехранбени производи за 0,6 и преработките од месо за 0,4 отсто. Намалување индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 9,8 отсто и средствата за хигиена за 0,5 отсто.
Цените на мало во јуни годинава, во споредба со јуни лани бележат пораст од 2,3 отсто, а трошоците на животот бележи од 4,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП