26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИЕА ја зголеми прогнозата за побарувачка на нафта во 2013 година

ИЕА ја зголеми прогнозата за побарувачка на нафта во 2013 година

naf1

Меѓународната агенција за енергетика ИЕА ја зголеми прогнозата за побарувачката на нафта во оваа година, а како главна причина за тоа ја наведе зголемената побарувачка во Кина.

Во редовниот месечен извештај за нафтениот пазар ИЕА ја зголеми прогнозата за побарувачката на нафта во светот за оваа година, на 90,8 милиони барели дневно, што е за 240 илјади барели повеќе од прогнозите од минатиот месец. Во однос со 2012 година, побарувачката би требало да се зголеми за еден процент, односно за 930 илјади барели дневно.

Главна причина е поголемата проценка на побарувачката во четвртиот квартал од минатата година и подобрените очекувања за Кина.

Коментирајќи во врска со производството, Агенцијата проценува дека тоа во декември е намалено за 170 илјади барели дневно, на 91,2 милиони барели дневно, и покрај зголемувањето на производството во земјите надвор од Организацијата на земји-извозници на нафта (ОПЕК), на 90 илјади барели дневно во однос на претходниот месец, на вкупно 54,2 милиони барели дневно.

Комерцијалните нафтени резерви на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во ноември се намалени за 18,7 милиони барели, по падот во последните месеци. Прелиминарните податоци за декември укажуваат на натамошно намалување, за 18,4 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП