9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМексико и САД постигнаа договор за илегалната миграција

Мексико и САД постигнаа договор за илегалната миграција

Мексико ќе преземе чекори без преседан во борбата против илегалната миграција, соопштија Вашингтон и Мексико кои успеаја да постигнат договор со којшто се избегнуваат американските царини.

„Меѓу тие мерки е и распоредувањето на Националната гарда ширум Мексико, пред се на јужната граница“, се наведува во заедничкото соопштение.

„Мексико истотака ќе преземе одлучни чекори за да се разбијат организациите кои се занимаваат со криумчарењето и трговијата со луѓето, како и нивната нелегална мрежа за транспорт и финансии“, се наведува во текстот што го прочита министерот за надворешни работи во Мексико, Марсело Ебард.

Мексико би требало да ги исполни барањата на САД, мигрантите кои доаѓаат во земјата и бараат азил да бидат враќани во Мексико додека нивниот случај не го обработат американските судови.

САД се заканија со воведување на царини од пет отсто на сите производи од Мексико како вид на притисок, со цел Мексико да направи повеќе во сузбивањето на мигрантскиот бран.

Царините требаше да стапат на сила од 10 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП