21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктивностите во кинеската индустрија на најниско ниво во последните девет месеци

Активностите во кинеската индустрија на најниско ниво во последните девет месеци

kina2

Активностите во кинеската индустрија во јуни повторно се намалија, покажа истражувањето на британската банка „HSBC“, чиј индекс се намали на најниското ниво во последните девет месеци.

Конечната вредност на индексот на менаџерите за набавка за кинескиот индустриски сектор (PMI) во јуни изнесуваше 48,2 поени, во однос на 49,2 поени кои беа забележани во мај. Со тоа, „HSBC“ ја намали својата првична проценка за вредноста за 0,1 процентен поен.

Индексот ги следи активностите во кинеските фабрики и прецизно го следи индикаторот за здравјето на економијата. Вредноста пониска од 50 поени сигнализира пад на активностите, а онаа над 50 поени раст.

„Падот на нарачките и растот на залихите во јуни дополнително го зголемија притисокот врз кинеските производители“ објаснува во сопштението на „HSBC“ економистот Ку Хонгбин.

Малите претпријатија имаа потешкотии со пристапот до кредити поради недостатокот на пари на кинескиот меѓубанкарски пазар, додава тој.

„Бидејќи Пекинг се воздржува од потенцијалните мерки, континуираното забавување на растот веројатно ќе продолжи и во наредните месеци“, потенцираше Хонгбин.

Официјалниот индекс на менаџерите за набавка кој го изработува Државниот завод за статистика во јуни се намали на 50,1 поени, од 50,8 поени кои беа забележани во мај, главно поради падот на производството и новите нарачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП