2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрногорец повикал пожарникари бидејќи во моторот му се сокрила змија (Видео)

Црногорец повикал пожарникари бидејќи во моторот му се сокрила змија (Видео)

Сопственик на мотор повикал пожарникари бидејќи забележал дека змија се вовлекла во возилото што го паркирал кај Градскиот стадион во Подгорица.

Сцената го привлекла вниманието на минувачите, а пожарникарите по десетина минути ја извлекле змијата, наведувајќи дека не станува збор за отровница.

Тие змијата ќе ја вратат во природно живеалиште, пренесе порталот ЦдМ.

Овој период од годината е вообичаен за змиите, а во Црна Гора живеат 15 видови на змии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП