19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектричните автомобили во ЕУ ќе мора да создаваат бучава

Електричните автомобили во ЕУ ќе мора да создаваат бучава

Секој нов електричен автомобил во ЕУ со четири или повеќе тркала од 1 јули ќе мора, од безбедносни причини, да имаат вграден звучен систем за аларм (AVAS), кој ќе прави постојана бучава од 56 до 75 децибели ако возилото се движи со брзина до 20 километри на час.

Како што наведуваат специјализираните автомобилски весници во Европа, пешаците за неколку недели, кога ќе стапи во сила новиот закон, ќе имаат многу помалку причини да го тргнат погледот од своите мобилни телефони кога ќе се вклучуваат во сообраќајот.

Новиот закон, кој е донесен по јавната критика поради нечујните електрични возила, бидејќи претставуваат опасност за другите учесници во сообраќајот, предвидува дека само електричните автомобили, не и мотоциклите, во иднина ќе имаат вграден AVAS, без посебни препораки за тоналитетот на самиот звук.

Таквата законска регулатива некои произведувачи на автомобили веќе ја искористиле, па на пример, британскиот ,,Jaguar” своите нови електрични автомобили ги опремил со системот AVAS кој звучи како вселенски брод, додека германскиот BMW се одлучил за класичниот звук на бензински мотор.

Предвидените 56 децибели не е претерана бучава, со оглед, на пример, камион со дизелски мотор кога поминува покрај пешачки премин произведува околу 85 децибели.

Према споредбите на индивидуалните автомобилски весници, 56 децибели е бучава која ја произведува климата или електрична четка за заби, така што пешаците кои се движат слушајќи музика на слушалки нема да можат да ги слушнат новите електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП