2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИКЕА прави куќи за бегалци

ИКЕА прави куќи за бегалци

IKEA-Refugee-Shelter3-537x329

Познатата шведска компанија ИКЕА има развиено посебен дом за бегалци, кој може да биде монтиран за кратко време, а при тоа да не се користат градежни алатки.

Објектот служи многу подолго од шаторите во кои обично се сместени бегалците. Покрај тоа во домот има електрична енергија што се добива од соларните батерии.

Во текот на денот во него е сосема пријатно, затоа што ѕидовите се направени од специјален материјал кој ги рефлектира сончевите зраци, додека пак во текот на ноќта е топло.

Наскоро новиот вид куќи ќе бидат испробани во Етиопија. Доколку домот им се допадна на жителите, компанијата ќе започне со масовно производство.

Засега цената на конструкцијата е 8.000 долари, но производителот уверува дека таа може да биде намалена на околу 1.000 долари.

Во светот има околу 15 милиони бегалци. Во просек семејствата живеат во камповите над 10 години и таму се раѓаат многу деца, за кои шаторите се претвораат во мајчин дом. Со овој потег шведската компанија сака да им помогне на бегалците да имаат подобри услови за живеење додека да се вратат во своите домови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП