3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАInvest North Macedonia по втор пат на AngaCom во Германија

Invest North Macedonia по втор пат на AngaCom во Германија

Со директна поддршка на домашните ИКТ компании за нивно претставување и изнаоѓање на потенцијални бизнис партнери од Европа и пошироко Invest North Macedonia учествуваше на најголемиот АngaCom Exhibition and Conference 2019 настан за ИКТ индустрија кој се одржа во Келн, Германија.

Саемот за широкопојасен интернет, медиуми и интернет започна на 4ти јуни со рекорден број на над 500 изложувачи – компании учесници на саемот од цел свет како и 21.700 посетители заклучно со 6ти јуни кога завршува настанот.

Во склоп на националниот штанд под логото на Invest North Macedonia беше обезбеден простор за одржување на Б2Б средби на претставници од Агенцијата, домашните компании учесници на саемот со претставници на водечки европски и светски компании од ИКТ индустријата за презентирање поволната бизнис клима и  условите за инвестирање за една од најбрзорастечките индустрии во земјата.

Во рамки на саемот беше одржана и ANGACOM конференција за широкопојасен интернет, телевизија и интернет на која учество земаа повеќе од 180 говорници и презентери со одржување на 4 различни самити: The International Content Summit, the International CTO Summit, the German Broadband Summit and the German Media Summit.

Директорот на Агенцијата, Вулнет Адеми истакна дека оваа година штандот на Invest North Macedonia беше еден од најпосетените, а дел од странските компании, со кои минатата година беше остварен првичен контакт имаа можност оваа година да се информираат и да закажат посета на земјава со цел финализирање на својата одлука за инвестирање и пронаѓање на свои партнери за соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП