29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖителите на Цирих имаат најдобар квалитет на живот

Жителите на Цирих имаат најдобар квалитет на живот

Жителите на Цирих во Швајцарија имаат најдобар квалитет на живот, покажа истражувањето „Mapping the World’s Prices 2019“ на Дојче банк.

Истражувањето ги опфаќа трошоците за живот и животниот стандард и ги споредува со квалитетот на живот во 56 града врз основа на различни фактори како што се куповната моќ, безбедноста, здравствените услуги, трошоците за живот, пристапот до сопствен дом, јавниот превоз, загадувањето…

Франкфурт оваа година паднал за четири места, на 13. место, Париз е на 36. место, а Лондон на 41. место.

Кога се работи за животниот стандард, помалите градови имаат предност над големите. Така Њујорк по квалитетот на живот го зазеде 31. место.

На дното на листата се наоѓа најголемиот град во Нигерија – Лагос, а пред него се Пекинг и Манила.

Десет града со најдобар квалитет на живот се Цирих, Велингтон (Нов Зеланд), Копенхаген (Данска), Единбург (Велика Британија), Виена (Австрија), Хелсинки (Финска), Мелбурн (Австралија), Бостон (САД), Сан Франциско (САД) и Сиднеј (Австралија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП