20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 10 европски земји за странски инвестиции

Топ 10 европски земји за странски инвестиции

Првите 10 европски земји по бројот на странски директни инвестиции се Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Полска, Турција, Холандија, Русија и Ирска, покажува студијата на компанијата Ernst & Young која е објавена во средата.

Оваа компанија спровела анкета за атрактивноста на Европа во која учествувале повеќе од 500 меѓународни компании, а 56 проценти од испитаниците ја навеле Западна Европа како еден од трите најдобри региони за инвестиции.

Во Велика Британија се спровеле 1.054 инвестициски проекти во 2018 година, во Франција 1027, во Германија 973, 314 во Шпанија, Белгија 278, Полска 272, Турција 261, во Холандија 229, во Русија 211 и во Ирска 205.

Централна и Источна Европа е втор најатрактивен регион за странски директни инвестиции во светот, веднаш по Западна Европа, се наведува во студијата.

Успехот на земјите од Централна Европа и Источна Европа не е занемарлив, бидејќи овој регион пред само пет години беше на четвртото место по атрактивност за инвеститорите, се наведува во анкетата.

Странските директни инвестиции во Европа се намалиле во 2018 година за прв пат во последните шест години, и тоа за четири проценти, а биле спроведени 6.356 инвестициски проекти. Европскиот БДП го забавил растот на само 1,8 проценти минатата година, а на инвестициите влијаеле и странски фактори, како што е слаб раст на американски инвестиции во Европа, забавување на економскиот раст на Кина и Јапонија.

Анкетираните компании проценуваат дека атрактивноста на Европа за странските директни инвестиции најмногу го загрозува Брегзит, додека на второ место е политичката нестабилност во ЕУ, на трето е пораст на популизмот и протекционизмот и на четврто глобалната политичка неизвесност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП