10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Буџетот на ЕУ од 168,3 милијарди евра за 2020 година

ЕК: Буџетот на ЕУ од 168,3 милијарди евра за 2020 година

Европската комисија предложи буџет за Европската унија за 2020 година во износ од 168,3 милијарди евра.

Како приоритетни области за финансирање во следната година се издвоени – конкурентна економија, млади, јакнење на безбедноста и солидарноста и борба против климатските промени.

Нацрт ЕУ буџетот за 2020 година е последен предлог за буџет на комисијата на Јункер.

Во ЕК наведуваат дека дури 21 отсто од предложениот буџет е наменет за решавање на прашањата за климатските промени.

Повеќе од 83 милијарди евра би требало да зајакнат економски раст во ЕУ и да бидат поддршка за младите во 2020 година. Предвидено е финансирање на Фронтекс, Европскиот цивилен механизам за одбрана, јакнење на Шенген, како и помош за народот на Сирија.

Предлог буџетот за 2020 година е седми и последен во рамки на долгорочниот 2014-2020 ЕУ буџетски план.

Следниот ќе се однесува за периодот 2021-2027 и претставен е од страна на ЕК во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП