25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБеверли Хилс ја забрани продажбата на тутун

Беверли Хилс ја забрани продажбата на тутун

Беверли Хилс први во САД ја забранија продажбата на тутун.

Комората едногласно изгласа синоќа да се забрани продажбата на цигари, пури, електронски цигари и други производи од тутун од 2021 година.

Забраната вклучува продажба на бензински пумпи, во супермаркети, мали продавници и на други продажни места.

Забраната не важи за хотелите и три луксузни барови со цигари во Беверли Хилс, предградие на Лос Анџелес.

Исклучок од забраната за хотели беше направен поради туристите, за да можат да пушат, но надвор.

Сопствениците на бензинските станици се противат на оваа мерка наведувајќи дека тоа го загрозува нивниот бизнис и може да доведе до отпуштање на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП