24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува #СкопјеГурман и најголемите попусти низ скопските угостителски објекти

Стартува #СкопјеГурман и најголемите попусти низ скопските угостителски објекти

Скопјани познати по боемскиот живот и желбата за уживање во добра храна, овој јуни ќе можат да се препуштат на гастрономски хедонизам, зошто од денес започнува најголемата гурманска кампања во градот – #СкопјеГурман, која ќе трае цел месец!

Grouper.mk, препознатлив по своите интересни онлајн маркетинг кампањи, јубилејно по 5ти пат ја реализира #СкопјеГурман – кампањата наменета за сите гурмани, угостители и уживатели во испробување нови места и вкусови низ градот. “И овој јуни го претвораме Скопје во најгурманско место, преку понуда на најразлични специјалитети по непобедливи промотивни цени од преку 70 скопски угостителски локали. Oние кои не следат знаат дека ниедна наша кампања не поминува без подароци и предизвици па така и оваа кампања ќе биде полна со изненадувања, за сите гурмани и дегустатори на највкусните зделки. Ќе имаме натпревар за топ 10 #СкопјеГурмани кои ќе освојат патувања и други подароци. Исто така и рестораните ќе се натпреваруваат, а Grouper заедница ќе гласа и ќе ги одбере најдобрите во 10 категории. И оваа година кампањата е поддржана од Mastercard и збогатена со специјална акција со омиленото пиво Скопско – 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис”- кажува Драгана Ѓокиќ проект-менаџер на кампањата.

Груперската  гурманска мапа ги вклучува најдобрите угостителски објекти од сите делови на градот, a на менито можат да се најдат италијански специјалитети, сочни бургери, специјалитети од азиска и ориентална кујна, слатки задоволства, смутиња и салати за љубителите на здрава храна и уште многу други специјалитети. Дел од деликатесните места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани се и Sushico, Portofino, District Bar& Kitchen, Центар Бар, Чардак, Fluffy Mini PancakesРадост и многу други..

Кампањата има и хуманитарен карактер, па така со секое купување на зделка од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, Grouper донира процент од сумата за оние кои им е најпотребно.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на нивниот блог , а сите тековни гурмански зделки може да ги најдете ТУКА.

Овој месец се гледаме на Grouper и уживаме низ Скопските локали на попуст!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП