27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина европски претприемачи се загрижени поради Брегзит

Половина европски претприемачи се загрижени поради Брегзит

Неизвесноста околу британскиот излез од ЕУ резултирал со силен пад на довербата на претприемачите во Европа, покажала анкетата на осигурителната компанија Can Hardy.

Само 50 проценти од европските претприемачи изјавиле дека се убедени дека нивната компанија има потенцијал да расте додека во ноември 2018 година така мислеле 70 проценти.

Од друга страна, оптимистично размислуваат само 36 проценти од британските претприемачи, што е помал пад во споредба со 39 проценти во претходната анкета.

“Тврдиот Брегзит стана реална можност за европските и британските претприемачи”, искоментирал Дејб Броснан, извршен директор на Can Hardy.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП