24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверна Македонија е на добар пат во имплементирањето на европските регулативи за...

Северна Македонија е на добар пат во имплементирањето на европските регулативи за платежни услуги и платни системи

На 12. конференција за плаќања и платежна инфраструктура, во изјава за медиумите, Михил ван Дуверен од Банката на Холандија истакна дека Република Северна Македонија активно и успешно ги следи светските новини во финансискиот промет и поттикнувањето на развојот на платежните услуги базирани врз технолошки напредни решенија.

Северна Македонија е на добар пат во имплементирањето на европските регулативи кога станува збор за платниот промет. Сметам дека тоа ќе биде забележано и Европската комисија ќе го има тоа предвид при носењето на одлука за отпочнување преговори за евроинтеграција“ – рече Дуверен.

Експертот од холандската централна банка нагласи дека новите технологии во плаќањето ќе бидат во интерес на сите субјекти во платниот промет. Револуцијата во мобилната телефонија и плаќањето преку QR кодовите ќе биде се поизразено, што е важно од страна на потрошувачите, тие ќе решаваат како ќе ги плаќаат одредени услуги, дали преку готовина, преку картичка и преку мобилен телефон. Тука се нагласува и општествениот аспект односно одредбите на европската регулатива што е во насока на пристапност на сите потошувачи до услугите, особено за лицата со физичка попреченост, инвалидизираните лица и лицата со дементни заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП