7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаштита на квалитетот на воздухот преку запазување стандарди на печките за греење

Заштита на квалитетот на воздухот преку запазување стандарди на печките за греење

На работилницата под наслов „Подобрување на квалитетот на воздухот со помош на стандарди“ што се одржа денеска во Скопје, посебен акцент се стави на важноста на стандардите во заштитата на животната средина.

Работилницата се одржува во рамки на проектот „Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина“, финансиран од Европската Комисија и EFTA преку FPA договор меѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN).

– Важно е да се знае дека стандардите исто така можат да бидат земени предвид при заштитата на квалитетот на воздухот, особено имајќи предвид дека еко дизајн директивата утврдува услови и гранични вредности за емисија на печките што се користат за домашно греење, особено тие од цврстите горива. Ова е добра прилика да проговориме околу тоа дека стандардите можат и треба да бидат земени предвид кога граѓаните купуваат печки за греење, вели Ана Петровска, државен сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа додаде дека Европската комисија има усвоено комуникација што го подига значењето на животната средина во вкупниот процес на стандардизација, особено имајќи предвид дека стандардите ги регулираат процесите и дизајнот на продуктите каде во секоја фаза е можно да се јават одредени влијанија врз животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП