27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia го превзема делот од Siemens во NSN

Nokia го превзема делот од Siemens во NSN

Nokia Siemens Networks GmbH & Co. KG

Финскиот концерн „Nokia“ ќе плати 1.7 милијарди евра за купување на делот на „Siemens“ од нивното заедничко вложување „Nokia Siemens Networks“ (NSN).

Според аналитичарите, оваа трансакција ќе внесе малку стабилност во компанијата, откако резултатите во сегментот на паметните телефони, остануваат далеку под очекуваното.

Профитот на заедничката компанија е 196 милиони евра за минатата година.

Договорот за заедничка активност меѓу „Nokia“ и „Siemens“ истече во aприл оваа година и беше јасно дека една од страните ќе го продаде својот дел.

Од финската компанија најавија дека ќе платат 1.2 милијарди во кеш, а половина милијарда ќе биде во форма на заем, земен од „Siemens“, кој од „Nokia“ ќе го исплаќаат.

Експертите сметаат дека трансакцијата е поволна за „Nokia“, затоа што според нив реалната пазарна цена била околу 2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП