3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Samsung доминираат на американскиот пазар

Apple и Samsung доминираат на американскиот пазар

samsapple1

„Apple“ и „Samsung“ продолжија да доминираат на пазарот за паметни телефони во САД, додека „Android“ и „iOS“ и понатака се водечки платформи.

Според податоците од компанијата „ComScore“, на пазарот за паметни мобилни телефони во САД нема поголеми промени.

Во вториот квартал кој заврши во мај, „Apple“ и „Samsung“, малку ги зголемија своите удели, додека сите останати се во загуба. „Apple“ игра водечка улога со 39,2 проценти, што е за 0,3 процентни поени повеќе во споредба со претходниот квартал, а „Samsung“ се зголеми за 1,7 процентни поени, на 23 проценти.

Слична е и ситуацијата со оперативните системи, тука води „Android“ со 52,4 проценти, а зад него е „iOS“ со 39,2 проценти.

Генерално, се повеќе Американци се одлучуваат за паметни телефони, со што на крајот на мај, 141 милион од населението поседувало ваков телефон, а омилени компании во оваа земја се „Apple“ и „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП