30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАG20: Интернет гигантите ќе плаќаат данок во земјите корисници

G20: Интернет гигантите ќе плаќаат данок во земјите корисници

Групата од 20 најразвиени земји во светот размислува за модел на оданочување на приходот за компаниите како Google и Facebook.

Земјите членки на G20 планираат нова даночна политика за дигиталните гиганти како Google, таргетирајки на оданочување на тие компании таму каде што тие остваруваат профит, а не таму каде што им е седиштето, објави јапонскиот бизнис весник Nikkei.

Министрите за финансии на 20-те водечки развиени економии и економии во развој најверојатно ќе усвојат предлог на даночни политики на состанокот закажан за следниот месец во јапонскиот град Фукуоки, пред состанокот на шефови на држави и влади на G20 во Осака, пишува Nikkei.

Според новата даночна политика, наменета за компании како што се Google, Apple, Facebook и Amazon, ”приходите од даноците би оделе во земјите кои на светските дигитални корпоративни гиганти им пружаат голема база на корисници”, според неименувани извори на Nikkei.

Членовите на G20 ќе настојуваат да постигнат конечен договор во 2020 година, а деталите допрва треба да бидат разработени. Една од можностите е дистибуција на собрани даночни приходи според бројот на корисници во секоја земја посебно.

Тоа, на пример, би значело дека приходите од оданочувањето на Facebook, кој ја централизирал пријавата на приход и плаќање на данок во Ирска за да ги искористи нивните ниски даночни стапки, да се распоредат на подрачја со повеќе корисници.

Детали за начинот на собирање и дистрибуција на даночните приходи и опфаќање на компании треба да бидат разработени, меѓу другото со асистенција на OECD.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП