4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија го зголеми ДДВ-то

Словенија го зголеми ДДВ-то

ddv1

Во Словенија, од денес ќе се применуваат повисоки стапки за данокот на додадена вредност (ДДВ), при што повисоката стапка на ДДВ од 22 проценти ќе важи за повеќето производи и услуги, а пониската од 9,5 проценти за 21 група на производи и стока, меѓу кои се храната, лековите и новите станови.

За зголемувањето на стандардната стапка од претходните 20 проценти на 22 проценти и на помалата од 8,5 на 9,5 проценти, владата се одлучи во рамките на дел од мерките за стабилизација на јавните финансии, сметајќи на зголемувањето на буџетските приходи од 250 милиони евра на годишно ниво.

Според официјалните проценки, зголемената стапка на ДДВ ќе предизвика пад на потрошувачката од 1,5 проценти, ако трговците целосно ја вклучат во продажната цена.

Словенечката премиерка Аленка Братушек ги повика трговците да не ја префрлуваат во целост стапката на ДДВ на потрошувачите, со цел да избегнат поголем пад на потрошувачката, со што ќе дојде до дополнителен пад на БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП