7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Делегација на „тројката“ меѓунардони кредиторти на Грција од денеска ќе започне со проверка на состојбата во која се наоѓа грчката економија. Од извештајот од оваа проверка ќе зависи исплатата на следната транша од меѓународната помош за земјата во висина од 8,1 милијарди евра. Атина очекува новата транша да почне ја добива кон крајот на месецот. Според условите на кредиторите, до крајот на годината Грција треба да ги намали трошоците за плати во државниот сектор со отпиштање на 4.000 вработени.

Њујорк – Американската кредитна агенција „Стандард енд Пурс“ соопшти дека кредитниот рејтинг на Кипар е полош од претходно и го оцени како „делумен банкрот“. Агенцијата нагласи дека кредитниот рејтинг на Кипар веќе бил на многу лошо ниво, па од оценката „ССС“ е намален на нивото „SD“ кое означува „делумен банкрот“. Оваа оценка значи дека земјата не е во состојба да го отплаќа својот долг, но дека се уште може да исполнува одредени обврски.

Брисел – Шефовите на државите и Владите на земјите-членки на Европската унија договорија да се издвојат осум милијарди евра за создавање на нови работни места за младите лица. Првите луѓе на Унијата, заедно со претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј и првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, се договорија фондовите од Иницијативата за младинско вработување да бидат обезбедени од јануари идната година. Според планот, предвидено е да се создадат работни програми и да им помогнат на младите да најдат работа во други делови на Европската унија.

Хаг – Службите за спроведување на законите во ЕУ, со поддршка на Европскиот центар за кибер-криминал во рамки на Европол, спроведоа акција за спречување криминал, поврзан за користење фалсификувани кредитни картици при купување авионски карти. Акцијата е спроведена на 38 аеродроми во 16 членки на ЕУ, каде службените лица ги проверувале патниците кои планирале да отпатуваат. На оние кај кои е утврдено дека имале авионски карти, купени со користење на податоци од украдени кредитни картици, им било забрането да влезат во авионите и биле предадени на полицијата поради сослушување. За време на операцијата откриени се повеќе од 200 сомнителни трансакции, а приведени се 43 лица, соопшти Европол.

Париз – Француското Министерство за финансии соопшти дека продало речиси 9,5 милиони акции на државниот аеродромски оператор „Аеропор ду Пари“ (АДП), како дел од мерките за обезбедување средства за поттикнување на домашната економија. Во соопштението се посочува дека од продажбата на овие акции на два инвеститори, државата заработила 738 милиони евра. Една од компаниите-инвеститори е банкарско-осигурителната групација „Креди Агрикол“, која со откупот на дополнителните акции стана сопственик на 4,81 отсто од хартиите од вредност на АДП, која стопанисува со париските аеродороми „Роаси-Шарл де Гол“ и „Орли“.

Пекинг – Кинескиот месечен индекс на производствена активност во јуни опадна на 50,1 индексни поени, што се оценува како уште еден показател за застој во втората по големина економија во светот. Во мај овој индекс изнедуваше 50,8 поени, а во април 50,6. Висина на индексот од над 50 поени означува раст на економијата, а под 50 проценти пад. Индексот на производствената активност на Кина од лани во октомври се одржува нешто на 50 поени.

Вашингтон – Белата куќа е во потрага по наследник на претседателот на американската централна банка бидејќи не очекуваат тој да остане на функцијата по крајот на мандатот во јануари идната година, објави Волстрит џурнал. И покрај тоа што Бен Бернаки никогаш не изјавил дали сака да остане шеф на Федералните резерви, министерот за финансии Џејкоб Лу прави список со потенцијални кандидати за функцијата со помош на високи претставници на Белата куќа, објави весникот цитирајќи извори во администрацијата. Според портпаролка на Белата куќа, написите на Волстрит џурнал се само „шпекулации“. Засега според весникот, најспоменувано име за него наследник е Џенет Јелон, актуелна потпретседателка на ФЕД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП