5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд следната година финансиските извештаи во ЕУ задолжително по електронски пат

Од следната година финансиските извештаи во ЕУ задолжително по електронски пат

Европската комисија ги претстави новите правила за поддршка на дигитализацијата на корпоративното известување и за постигнување на поголема транспарентност на годишните информации кои ги објавиле компаниите наведени на пазарите на капитал во ЕУ.

Новиот европски единствен електронски формат (ESEF) кој е предложен ќе ги направи финансиските записи на компаниите почитливи и достапни.

Според новите правила, од јануари 2020 година, сите компании ќе мора да ги финализираат своите годишни финансиски извештаи користејќи ги најновите дигитализирани системи за бизнис известување (XHTML и iXBRL) кои ја подобруваат пристапноста и ги прават информациите лесни за корисниците. Тој потег исто така ќе ја олесни достапноста на клучните финансиски информации на сите официјални јазици во ЕУ.

Во прилог на новите правила, Европското тело за хартии од вредност и пазари (ESMA) подготвило ESEF Прирачник за известување и ESEF таксономски датотеки како би им помогнале на компаниите во нивната подготовка. Новите одредби се засноваат на правилата за финансиска транспарентност која веќе ја договориле Европскиот парламент и земјите членки. Тие ќе се ажурираат на годишна основа за да го одржуваат можното ажурирање на таксономијата на Меѓународните стандарди за финансиско известување (MSFI), чија цел е подобрување на комуникацијата помеѓу креаторите и корисниците на финансиските извештаи. Таа делегирана регулатива претставува уште еден важен чекор за дигитализација на корпоративното известување, во согласност со политичката определеност на “Министерската декларација за е-влада”, потпишана во Талин на 6 октомври 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП