19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСофија сака да биде центар на IT секторот во Европа

Софија сака да биде центар на IT секторот во Европа

IT секторот во Бугарија е еден од најбрзорастечките сектори во земјата, изјавил заменик министерот за економија Лачезар Борисов, на осмата ,,Бугарска ICT тркалезна маса”.

Според неговите зборови, Бугарија припаѓа во оние земји на Европската унија каде што уделот на иформациско-комуникациската технологија во формирање на БДП е релативно повеќе во однос на останатите, што Бугарија ја сместува на петтото место во ЕУ.

Тој додал дека во првиот квартал од 2019 година индексот на прометот на услуги за IT услуги достигнал 154 проценти во однос на 2015 година, а прометот на компаниите се зголемил за 16 проценти во однос на истиот квартал од претходната година.

Борисов истакнал дека во оваа област има 57.000 вработени што IT индустријата што ја прави многу важна за бугарската економија.

Тој навел дека IT секторот се развива без државна интервенција, но дека Министерството за економија сигурно има алатки за поддршка на овој сектор.

Врз основа на ова, Борисов најавил дека Софија е подготвена да стане IT центар на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП