7 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРај за извозниците: Африка станува најголем единствен пазар

Рај за извозниците: Африка станува најголем единствен пазар

Африканските лидери го прославуваат влегувањето во сила континенталниот договор за слободна трговија.

Со овој договор настанува, како што тие велат, најголем светски пазар од 1,2 милијарди луѓе.

Договорот кој стапи на сила утрово има за цел да го поддржи африканското растечко младо население, да ја зголеми трговијата внатре во Африка и да ја намали зависноста од волатилните цени на стоката која ги погодува суровините чиј удел во афричкиот извоз е значаен, пренесува агенцијата AP.

Договорот ги обврзува земјите за укинување на царините на 90 проценти од стоките. Целосната имплементација на договорот ќе трае неколку години.

Претседателот на Комисијата на Африканската унија Муса Факи Махамат, вели дека вредноста на заедничкиот континентален пазар е 2.500 милијарди долари.

Досега, 52 од 55-те земји-членки на Африканската унија потпишале договор. Меѓутоа, американската агенција забележува, изостанок на Нигерија, која е најголема африканска економија и најнаселена земја од тој договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП