17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го обвинува САД за економски тероризам

Кина го обвинува САД за економски тероризам

Кина соопшти дека билатералната трговска војна која ја започнал американскиот претседател Доналд Трамп претставува ,,економски тероризам”.

,,Ова намерно поттикнување на трговски спор претставува економски тероризам, економски шовинизам и чисто економско малтретирање”, изјавил заменик на кинескиот министер за надворешни работи, Џанг Ханхуи, на конференција за новинари.

Кина и САД од јануари преговараат за договор како би ја завршиле трговската војна започната минатата година, која резултирала со реципрочни казнени царински давачки на стотици милијарди долари стока.

Тензиите се зголемија на почетокот на мај кога Трамп одлучи да воведе дополнителна царина на повеќе од 200 милијарди долари кинеска стока. Трамп, исто така, наредил покренување на процедура за воведување на царини на речиси целиот увоз на кинески стоки.

Тензијата е и понатаму зголемена после неодамнешната одлука на Трамп да ја стави кинеската компанија за телекомуникации Huawei на црната листа на национална безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП