3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност

Конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност

g_ocila

Народната банка на Република Македонија во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира шестата конференција за „Платните системи и системите за порамнување хартии од вредност“, што од денеска до 3 јули се одржува во Охрид.
Воведно обраќање на конференцијата ќе има вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.
Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе учествуваат претставници од деловните банки, останатите финансиски институции и регулаторите на инфраструктурата на финансиските пазари во Република Македонија, како и претставници од централните банки од земјите на Централна и Југоисточна Европа.
Целта на конференцијата е да ги поврзе експертите од финансискиот сектор заради споделување на знаењето од областа на новите стандарди за работа на платните системи и системите за порамнување на хартиите од вредност, да отвори дискусија во врска со истражувањата на најновите трендови кај големите плаќања, управувањето со ликвидноста, иновативните, општествено корисни и сигурни платни производи и услуги, како и на иновативните решенија и безбедносните аспекти на плаќањата.
Се очекува дека одржувањето на конференцијата ќе го олесни спроведувањето на „Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија во периодот 2013-2017 година“, што беше усвоена во март годинава. Со спроведувањето на оваа стратегија би се зголемила сигурноста и ефикасноста во извршувањето на плаќањата и прифатеноста на ефикасните безготовински платни инструменти, а воедно би се обезбедило постепено
исполнување на условите за интегрирање во Единствената европска платежна област -СЕПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП