29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрогласени победниците на петтиот детски ликовен конкурс на Ладна

Прогласени победниците на петтиот детски ликовен конкурс на Ладна

2 семејства од Скопје и Прилеп ќе отпатуваат во Дизниленд Париз

Дојде и тој момент кога стручната жири комисија на детскиот ликовен конкурс на Ладна конечно пресече и ги одбра најинтересните цртежи на годинeшната тема  „Мојот замислен цртан лик“. И оваа петта јубилејна година  натпреварувањето беше поделено во две категории, деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години.

Како и секоја година, ликовниот конкурс е од награден карактер, а Ладна обезбеди супер награди за најдобрите цртежи во двете категории кои и тоа:

  • Прво место- 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз
  • Второ место – 2 годишни курсеви за цртање и
  • Трето место – 2 таблети за цртање.

Доделувањето на наградите од ликовниот конкурс на Ладна и отворањето на најголемата изложба на детски цртежи ќе биде на 1-ви јуни (сабота) во 12 часот во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, заедно со Ивце Пивце и Поточиња.

Првонаградените добитници се шестгодишната Ања Вуковиќ од Прилеп во категоријата од 4 до 7 години и седумгодишната Петра Коцев од Скопје во категоријата од 7 до 10 години. Тие заедно со своите семејства ќе отпатуваат во Дизниленд Париз на незаборавно дружење и искуство кое ќе го паметат целиот живот.

Втората награда, годишен курс за цртање, им припадна на петгодишната Калина Кираковска од Скопје и деветгодишната Марта Караева од Скопје.

Трето награден во категоријата од 4 до 7 години е Стефан Анѓелески, 5 години од Скопје и Ема Маневска, 9 години од Скопје  во категоријата од 7 до 10 години. Стефан и Ема ќе добијат таблети за цртање за да го развиваат својот талент и понатаму.

„Кога за првпат го одржавме детскиот ликовен конкурс започнавме со скромни очекувања, иако се надевавме дека ќе прерасне во една прекрасна традиција. Ако првата година ни пристигнаа околу 500 цртежи, оваа година се соочивме со цифра од околу 2.500 цртежи. Квалитетот на цртежите кои ни пристигнуваа од ден во ден навистина беше на едно високо ниво што пак им ја отежна работата на стручното жири. Им честитаме на добитниците на наградите и им се заблагодаруваме на сите дечиња кои со помош на своите родители или наставници пратија цртежи и учествуваа на конкурсот. Ги покануваме сите дечиња кои учествуваа на ликовниот конкурс да дојдат во Мала Станица, од 1-ви до 10-ти јуни и да ги видат своите цртежи на најголемата детска изложба во земјата.“, велат од Ладна

Повеќе за настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/2374898319462472/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП