25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде е најскап, а каде најевтин градскиот превоз во светот?

Каде е најскап, а каде најевтин градскиот превоз во светот?

Најскапиот јавен превоз во светот е во Лондон, Даблин и Оукленд, а најевтиниот во Буенос Аирес, Мумбаи и Мексико Сити, покажала годишната анкета на Deutsche Bank за цените и животниот стандард.

Анкетата на оваа банка вклучува 55 градови низ целиот свет, а разликите кои ги открила се огромни, додека во Лондон просечниот месечен билет за превоз е најскап и чини 155 евра, во Буенос Аирес е најевтин и чини помалку од 14 евра.

Цената во Даблин изнесува 115, во Оукленд на Нов Зеланд 112 евра, додека во Мумбаи и Мексико Сити месечен билет чини 15, односно 18 евра.

Меѓутоа анкетата е спроведена само на цената на превозот, а не и висината на приходот на оние кои го користат превозот, ниту квалитетот на услугите кои ги добиваат за тие пари. Освен споменатите три најевтини градови, тука се уште и Куала Лумпур во Малезија, Манила на Филипини и Њу Делхи во Индија, Ријад во Саудиска Арабија и Прага во Чешка.

Меѓу градови со најскап превоз, после Лондон, Даблин и Оукленд, се наоѓа Токио (110 евра), Њујорк (108), Сиднеј (108), Велингтон на Нов Зеланд (101), Торонто (96), Чикаго (96) и Мелбурн (92 евра), наведува Deutsche Bank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП