6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко пиете капучино после 11 часот- сериозно го загрозувате здравјето

Ако пиете капучино после 11 часот- сериозно го загрозувате здравјето

Ако сте се запрашале зошто iталијаните капучиното или било кое друго кафе кое содржи млеко, па дури и најмала количина консумираат исклучиво во утринските часови, поточно до 11 часот, веројатно сте помислиле дека е уште само еден во низата на хедонистички ритуали.

Имено, конзумацијата на млеко, претежно топло, пред или после оброк е нешто најлошо за стомакот бидејќи млекото никако не помага на дигестивниот тракт, односно го отежнува варењето.

Да земеме во предвид дека денес има повеќе луѓе алергични на лактоза, па со годините се намалува количината на ензимите на лактоза која го разложува шекерот па доаѓа до потешкотии во варењето. Исто така, млечните производи влијаат на телесната тежина, што поради мастите, што поради намалување на метаболизмот. Затоа не можеме да кажеме дека италијаните не се во право.

Покрај тоа, италијаните пијат капучино во утринските часови затоа што сметаат дека дозата на млеко кое го содржи кафето воедно е и мал оброк, па така не е необично да ги видите како наутро брзаат на работа со кафе во рака.

Се разбира, ако одите во Италија и побарате на пладне капучино никој нема да ве одбие за да ви го послужи, но баш нема да ја разберат вашата потреба дека толку доцна пиете кафе со млеко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП