2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоранешната сопруга на Џеф Безос дава 18 милијарди долари во хуманитарни цели

Поранешната сопруга на Џеф Безос дава 18 милијарди долари во хуманитарни цели

Мекензи Безос, поранешната сопруга на основачот на компанија Amazon, изјавила вчера дека половина од нејзиното богатство од 36 милијарди долари ќе го даде во хуманитарни цели.

Таа по тој повод, ja потпишала иницјативата Giving Pledge, која во 2010 година ја покренале Мелинда и Бил Гејтс и Ворен Бафет, со цел да ги поттикне богатите “вишокот” заработени пари да ги поделат со оние кои ги немаат.

“Има многу работи во нашите сефови што можеме да ги поделиме со другите”, напишала поранешната сопруга на најбогатиот човек во светот на страницата на иницијативата Giving Pledge.

“Покрај останатото богатство кое животот ми го подари, јас имам несразмерно голема количина на пари да поделам”, додала Мекензи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП