11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија го презеде кормилото на Европската унија

Литванија го презеде кормилото на Европската унија

litvanija1

Шестомесечното претседавање со ЕУ денес – 1 јули, го презеде Литванија, а најважните задачи кои ја чекаат е повеќегодишниот буџет на ЕУ и самитот на Источното партнерство.

Главниот настан за литванското претседавање ќе биде самитот на Источното партнерство кој ќе се одржи на 28 и 29 ноември во Вилнус, каде ќе бидат Украина, Молдавија, Белорусија, Ерменија, Азарбеџан и Грузија.

Трите приоритети за литванското претседавање се „веродостојна Европа, растечка Европа и отворена Европа“.

Литванија ја чека работа со повеќегодишниот буџет за Европската унија за периодот од 2014-2020 година, довршување на работата околу банкарската унија и јакнењето на фискалната дисциплина кај земјите членки.

Исто така, ќе се фокусира на создавањето на единствен енергетски пазар, дигитален пазар, борбата против невработеноста, особено кај младите и др.

Литванија, исто така сака да постигне напредок околу парашањето за проширување на Унјата и влез на Турција и земјите од Западен Балкан, и за прашањето за трговскиот спор со САД и Јапонија.

Оваа мала балтичка земја го превзема претседавањето со ЕУ од Ирска, а ќе го предаде на Грција на 1 јануари 2014 година.

Литванија е членка на шенгенскиот простор, но сеуште не е членка на еврозоната, тоа е нејзин план за почетокот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП