Сиднеј објави во вторникот дека воведува први поголеми ограничувања на водата во последните 10 години за да се справи со сушата што ја погоди Австралија.
Владата на австралиската држава Нов Јужен Велс посочила дека областа Сиднеј е подложена на најтешки недостатоци на вода од 1940 година и дека ограничувањата ќе траат до следната недела.
Државната министерка за вода, Мелинда Пави, изјавила дека се работи за “рекордна суша”.
На жителите на Сиднеј им се заканува казна од 220 американски долари (136 евра) ако ги наводнуваат градините, а на компаниите казна од 550 австралиски долари.
Австралија од декември до февруари го помина нејзиното најтопло лето.
На почетокот на годината починале повеќе од милион риби во базенот Мари-Дарлинг, голем систем на река во југоисточниот дел на земјата. Властите навеле дека тој помор на риби бил поради ниското ниво на водата, предизвикано од сушата и поради голема употреба на вода од тие реки.