30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика направи опасен преседан ставајќи го Huawei на ''црната листа''

Америка направи опасен преседан ставајќи го Huawei на ”црната листа”

Потегот на САД да го стави “Huawei” на црната листа претставува “опасен преседан”, кој ќе нанесе штета на милиони корисници, изјавил Сонг Лиупинг, највисок официјален претставник на кинеската компанија за правни прашања.

Сонг изјавил на конференција за новинари дека трговската забрана “директно ќе наштети” на американските компании и ќе влијае на работните места.

Вашингтон неодамна го стави Huawei на листата на компании со кои американските компании не можат да тргуваат доколку немаат дозвола, потсетува BBC.

Huawei повеќе пати ги демантирал обвинувањата дека неговите производи претставуваат безбедносен ризик и тврдат дека се независни од кинеските власти.

“Политичарите во САД користат сила за целата нација да се фокусира на една приватна компанија”, изјавил Сонг.

Тој додал дека одлуката на САД ги загрозува производите на корисниците и услугите на Huawei во повеќе од 170 земји, вклучувајќи повеќе од три милијарди корисници. Сонг изјавил дека американските власти со воведување на забрана директно ќе нанесат штета на повеќе од 1.200 американски компании, кои вработуваат десетици илјади луѓе во Америка.

Reuters објави дека Huawei пред судот во Тексас побарал откажување на законскиот акт кој е донесен во Конгресот минатата година, а на основа на кој властите во САД донеле одлука за санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП