24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредвидувањата на Сорос: Не погоди за Трамп, но за биткоинот беше 100%...

Предвидувањата на Сорос: Не погоди за Трамп, но за биткоинот беше 100% во право

Милијардерот Џорџ Сорос е еден од најголемите инвеститори на сите времиња со богатство од 40 милијарди долари, кое го заработи преку тргување со валути и акции.

Најголем дел од неговото богатство го донираше на Фондацијата Отворено општество, кое го основаше за промовирање на демократијата и човековите права низ целиот свет.

Тој е познат по тоа што често ги предвидува настаните на светските пазари, како и на политичката сцена.

“Markets Insider” потсети на неговите осум предвидувања и анализираше дали тие се остварија.

Еве што предвиде Сорос:

1. Демократите убедливо ќе победат на изборите (2018)

Доналд Трамп победи на изборите, но демократите ја презедоа контролата врз Конгресот на САД.

Резултат: Делумно точно

2. Биткоинот е балон (2018)

Инвеститорот силно ги нападна криптовалутите, особено најпознатата меѓу нив, и рекол дека тоа е типичен балон.

Резултат: Точно

3. Деновите на Google и Facebook се одбројани(2018)

Фактот дека двете компании се толку големи и имаат монопол на пазарот за дистрибуција на содржини, за Сорос значи дека тие мора да бидат под многу построги прописи со цел да се зачува конкурентноста на пазарот, иновацијата и отворениот пристап до информации.

Резултат: Делумно точно

4. Следната финансиска криза ќе биде во Европа (2018 година)

Да се ​​каже дека Европа е во егзистенцијална опасност веќе не е живописна фигура, тоа е груба реалност, рече Сорос.

Резултат: Неточно

5. Аргентина ќе ги отплати своите долгови (2016 година)

“Квантум Партнерс”, инвестициски фонд управуван од семејството на Сорос, имал удел во аргентинските државни обврзници. Долгот настанал од неуспехот на Аргентина да ги исполни своите обврски кон инвеститорите, се зголемувал од 2001 година, а должеле и на друг милијардер Пол Сингер, во неговиот инвестициски фонд.

Резултат: Точно

6. Следната финансиска криза ќе избие во Кина (2016)

“Најголем дел од парите што ги нудат банките се потребни за да се одржат лошите долгови и за компаниите кои работат со загуба”, рече тој.

Резултат: Неточно

7. Иран ќе помине низ трансформацијата на режимот (2012)

Сорос рече дека поранешниот режим во Иран нема да потрае до крајот на таа година.

Резултат: Точно

8. Британската влада ќе мора да ја девалвира фунтата (1992)

Во 1992 година, британската влада беше принудена да ја девалвира фунтата, и истиот ден Сорос ја зголеми својата “опклада” против фунтата, со вложени 1,5, заработи 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП