12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Германија ја штити нејзината авто-индустрија?

Како Германија ја штити нејзината авто-индустрија?

germany1

Германската влада го блокираше договорот на Европската унија за ограничување на емисиите на јаглерод-диоксид (СО2) од автомобилите, бидејќи смета дека тој договор во овој момент може да и наштети на нејзината авто-индустрија.

Борците за заштита на животната средина бараа емисиите на СО2 од патничките автомобили да бидат ограничени на 95 грама на еден километар до 2020 година, пренесува агенцијата АП.

Според портпаролот на германската влада, Џорџ Шрајтер, Германија побарала одлуката за ова прашање да биде одложена, со цел да се земат во предвид и специфичностите на германската авто-индустрија и премиум производителите како што се „Mercedes“, „Audi“ и „BMW“, чии емисии на гас се над европскиот просек.

Просекот на емисиите на германските производители, според податоците од 2011 година, изнесуваше 147 грама на еден километар, што е над просекот на сите земји на ЕУ, кој таа година изнесуваше 132 грама на еден километар.

Европската унија планира до 2015 година да го намали тој просек на 130 грама за еден километар, што врз основа на податоците од 2011 година, може да се смета за достижно ниво, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП