17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектромобилност Македонија бара оставка од сите пратеници во Собранието кои немаат волја...

Електромобилност Македонија бара оставка од сите пратеници во Собранието кои немаат волја и идеологија за соодветно да ја уредат сопствената држава во којашто живеат

Електромобилност Македонија бара оставка од сите пратеници во Собранието на Република Македонија коишто вчера, на 27 мај 2019, не учествуваа во дискусијата на пленарната седница за Законот за возила.

“Жално и трагично е што Законот за возила чека во собраниска процедура околу 2 (две) години, наместо да биде приоритет. Ако пратениците сметаат дека не треба да дискутираат за закони коишто се партиски непопуларни, ги молиме да го напуштат парламентот и да го ослободат пратеничкото место за граѓани коишто имаат волја и идеологија за соодветно да ја уредат сопствената држава во којашто живеат”, се вели во соопштението на Електромобилност Македонија.

“Без оглед на вчерашното фијаско во парламентот, се чини дека проблемите со загадувањето во Републиката ги надминуваат можностите и рамките на моменталниот пратенички состав. Но, разочарувањето од овие отчовечени луѓе во парламентот, не е само по прашањето на Законот за возила и поради тоа јавно ги повикуваме сите граѓани низ државата да се самоорганизираат и да излезат како неформални и формални групи со граѓански листи на наредните локални и парламентарни избори и да бараат радикални решенија за сите форми на загадување, без оглед дали се работи за рудниците, загадувањето со палењето на пластика и гуми и лошите решенија за циркуларни системи за ѓубре, загадувања од фабрики, решение коешто бара електрификација на транспортот во целина, и тн”, повикуваат од Електромобилност Македонија.

“Климатската криза којашто беше клучен двигател на изборите за претставници во Европскиот парламент, укажува на промени во гласачката база и во основата на психологијата во Европа, што значи дека мораме да ги отфрлиме сите идеи коишто доаѓаат од групи и партии коишто не сакаат да ја третираат суровата стварност со загадувањето, коешто бара радикални решенија и коешто може да се третира и како безбедносно прашање”, додаваат од Електромобилност Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП