22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретендентите за наследник на Тереза Меј се поделени околу Брегзит без договор

Претендентите за наследник на Тереза Меј се поделени околу Брегзит без договор

Трката околу наследникот на британската премиерка Тереза ​​Меј се претвора во битка околу тоа дали Велика Британија треба да ја напушти Европската унија без договор или тоа ќе предизвика политички и економски хаос.

Конзервативниците на Тереза ​​Меј се погодени од лошите резултати на изборите за Европскиот парламент завршен во неделата на кои победи новоформираната Брегзит партија, а тие стигнаа на поразителното петто место.

Поради тоа некои Конзервативци, вклучувајќи и кандидати за наследник на Тереза ​​Меј, Борис Џонсон и Доминик Раба, веруваат дека Велика Британија мора да ја напушти ЕУ во новиот одреден рок 31 октомври, дури иако до тогаш не биде одобрен договор за поделба со ЕУ.

Другите сметаат дека напуштањето на Европскиот блок без никаков договор би бил непромислен.

Министерот за надворешни работи Џереми Хант изјавил денеска дека обидот за излез без договор ќе доведе до тоа Парламентот да покрене предвремени избори кои, по неговото мислење би биле ,,апсолутно катастрофални” за Конзервативците.

Рок за поднесување на кандидатурите за нов премиер е во недела на 10-ти јуни. После тој систем на елиминација на конзервативните пратеници ќе изберат два кандидати за гласање од страна на членовите на партијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП