2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот достигна вредност од 9.000 долари

Биткоинот достигна вредност од 9.000 долари

Биткоинот ја зголеми вредноста во понеделникот, приближувајќи се на ниво од 9.000 долари.

Дигиталната валута достигна највисока вредност изразена во долари од 11 мај 2018 година, пренесува CNBC.

Цената на оваа дигитална валута достигна 8.937,25 долари, според CoinDesk, кој ја следи цената на криптовалутата низ неколку берзи.

Oколу 9 часот, Биткоинот се движел околу 8.700 долари, според CoinDesk.

Во последните неколку недели дошло до обновување на интересот за криптовалутата, а нејзината цена оваа година се зголеми за повеќе од 140 проценти.

Тука е и зголемување на експериментите на големите компании со производите кои се однесуваат на криптовалутата. На пример, тајванскиот производител на телефони, HTC, лансирал телефон насочен да им помогне на луѓето да ги складираат своите дигитални монети, додека Facebook наводно работи на своја сопствена криптовалута.

Другите криптовалути, исто така, се зголемија во понеделникот.

Биткоинот сè уште е двојно поевтин од своето највисоко ниво од над 19.000 долари на крајот од 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП