16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА''Лувр се гуши'': Познатиот париски музеј денеска е затворен, вработените на протест...

”Лувр се гуши”: Познатиот париски музеј денеска е затворен, вработените на протест против администрацијата

Музејот Лувр, еден од најпосетените во светот, денес е затворен поради протести на вработените кои тврдат дека се недоволни во однос на бројот на посетители, пренесува Frans 24.

“Лувр се гуши”, а вработените забележуваат влошување на условите на посетите и работа без преседан, се наведува во соопштението на синдикатите на вработените.

Синдикатот наведува дека во 2018 година, Лувр го посетиле над 10,2 милиони луѓе, дека бројот на посетители се зголемил за повеќе од 20 проценти од 2009 година, а дека самата зграда не е проширена, додека бројот на вработените постојано се намалува.

“Собрани во генерален штрајк, денес агентите за прием на посетителите одлучиле да го искористат своето право на повлекување и да одат во администрацијата на музејот и да го искажат својот бес”, се наведува во соопштението.

Управата на музејот потврдила за Frans 24 дека музејот не е отворен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП