2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОслободете се од препреките кои ја забавуваат вашата кариера

Ослободете се од препреките кои ја забавуваат вашата кариера

kari1

Зголемувањето на платата е многу осетлива тема – и за работодавецот и за вработениот.

Досега знаевме дека, доколку сакаме зголемување на платата, тоа мора да го бараме со стил но и дека за зголемување на платата не е потребно само да се „убиваме“ од работа.

Мора да „гледате пошироко“

Постојат неколку работи кои се виновни за стагнирањето во вашата кариера. Дали ги завршувате проектите во дадениот рок? Ако не, заборавете на зголемување на платата.

Дали одите по ред- од малите цели и задачи кон големите? За да можете да се борите со помалите задачи морате да ја погледнете „пошироката слика“. Срушете го големиот проект на мали делови, мали задачи и решавајте ги една по една.

Обесхрабреност

За да бидете успешен значи да трчате маратон, а не спринт. Не дозволувајте си себеси поради било што да одите на работа со наведната глава. Во животот сите нас не чекаат голем број на препреки, тоа важи и за работата.

Кој е крив

Најлесно е кривицата да му ја подметнете на некој друг. Преземете одговорност за она што го работите и резултатите кои ги постигнувате. Успешните луѓе знаат како да се соочат со неуспехот и да продолжат понатаму.

Совет кој не сте требале да го послушате

Некои експерти за кариера советуваат дека на работа треба да делувате забрзано и да делувате како да сте затрупани од работа па на тој начин ќе оставите впечаток на личност која заслужува да биде унапредена. Овој совет нема врска со реалноста.

Доколку на овој начин се однесувате кон работата ќе делувате хаотично и под стрес а не како некој кој сака големи цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП