12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи се зголемија на почетокот на неделата

Европските берзи се зголемија на почетокот на неделата

На европските берзи утрово цените на акциите се зголемија, главно во автомобилскиот сектор, по веста за можно спојување на Fiat Chrysler и Renault.

Stoxx 600 индексот на водечките европски акции околу 9,45 часот беше во плус 0,5 проценти, откако минатата недела остро падна.

Притоа франкфуртскиот DAX индекс се зголеми за 0,80 проценти на 12.107 поени и парискиот CAC 0,75 проценти, на 5.358 поени.

Утрово највеќе се зголемија цените на акциите во автомобилскиот сектор во просек 2,5 проценти, откако Fiat Chrysler објави дека предложеното спојување со францускиот Renault, кој, ако се реализира, ќе доведе до формирање на трет по големина светски производител на автомобили и ќе ги отстрани некои недостатоци во работењето на двете компании.

Цените на акциите на овие две компании скокнаа за повеќе од 15 проценти.

Но, обемот на тргување е помал од вообичаено бидејќи деновите поради празници не работат берзите во Лондон и во САД.

И на азиските берзи цените на акциите утрово благо се зголемија, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9,45 часот бил во плус 0,2 проценти, и благо се повлекува од најниските нивоа во четири месеци.

На Токиската берза, пак, Nikkei индексот се зајакна за 0,3 проценти на 21.182 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП