27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry: 84 милиони евра квартална загуба

BlackBerry: 84 милиони евра квартална загуба

blackberyy1

Канадскиот производител на мобилни телефони „BlackBerry“, поранешниот „Research in Motion“, во првиот квартал повторно ги разочара инвеститорите. Откако минатиот квартал изненади со добивка, овој пат повторно се врати на црвените бројки. „BlackBerry“ забележа 84 милиони долари (64 милиони евра) нето загуба.

Аналитичарите според пишувањата на новинските агенции за кварталот кој го заврши во мај, очекуваа минимален профит. Разочараа и податоците за продажбата.

„BlackBerry“ продажбата на паметни телефони во споредба со претходните три месеци ја зголеми за 13 проценти, на 6,8 милиони, но аналитичарите очекуваа дека ќе изнесува 7,5 милиони.

Исто така, податоците од резултатите во оваа година значително заостануваат во споредба со минатогодишните резултати, кога компанијата продаде 7,8 милиони уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП